Крвава ноќ во скопска Кисела Вода - млади момчиња избодени со нож

Три момчиња се повредени во тепачка која во 3 часот по полноќ се случила пред спортската сала „Расадник“ во скопска Кисела Вода. Се работи за Б.П.(25) од една страна и А.К.(26), А.Ј.(26) и М.П.(26), сите од Скопје, од друга страна, а во тепачката Б.П. со нож им нанел убодни рани на А.К и на А.Ј. во пределот на градниот кош.

Повредените се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ и се задржани за понатамошно лекување, додека на Б.П. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје каде му е констатирана телесна повреда во пределот на главата.

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега