Проверете каде вее снег ни Македонија во моментов

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози.

Врнежи од снег има во повисоките места на југозападниот дел на републиката,а поинтензивни врнежите има на планинските превои Буково,Пресека,Стража и Маврово,каде што има забрана за одвивање на сообраќајот на тешки товарни возила. Затворен е и патниот правец Дебар-Маврово Р-1202,(кај манастирот Бигорски)поради лавина на патот која ги зафатила и двете коловозни ленти.

Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево-Тработивиште.

На патниот правец  Демир Капија – Корешница воведена е забрана за сообраќај за патнички возила поради излевање на река Вардар на коловозот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,

како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега