Хуманитарната акција во тек, да продолжиме да помагаме! - еве колку пари се собрани до сега

Заклучно со денес на телефонските броеви за донации собрани се 619.000 денари помош за настраданите од поплавите кои во изминативе денови зафатија делови од Македонија. Освен тоа на сметка на Фондот за солидарноста се собрани дополнителни 6.300 денари.

Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода за пиење, прехранбени продукти, кебиња и душеци. Како што информираат од Црвениот крст на Р.Македонија со донациите ќе им се помогне на околу 650 загрозени семејства, од кои на околу 300 семејства помошта им е веќе доставена.

Надлежните институции апелираа и да не се пие водата во настраданите подрачја, а за таа цел се донирани над 50 илјади литри вода да пиење.

Од  денеска Црвениот крст на Р.Македонија отвори и донаторска девизна сметка на која можат да донираат граѓани од странство.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска апелираше до сите граѓани, приватни компании, Македонците од дијаспората и луѓе надвор од државата да се приклучат кон хуманитарната помош и да дадат свој придонес на еден од телефонските броеви 070/075/077-143-400.

- Донациите се засега доволни за да се задоволат потребите на поплавените домаќинства, обезбедени се донации во вид на прехранбени продукти, облека, пакети за хигиена. Центрите за социјални работи во соработка со општините се на терен и прват увид во самите домаќинства коишто се погодени, до сега има околу 100 домаќинства коишто се во ризик и коишто се детектирани од страна на Центрите за социјални работи, посочи Спасов.

Тој додаде дека на овие семејства ќе им биде дадена и еднократна помош, а за истите ќе бидат одделени и голем број средства собрании од телефонските донации.

Како што нагласи, Спасов, Владата планира да се откаже од ДДВ-то од пораките за донација на поплавените подрачја, а предлогот ќе биде ставен на дневен ред на следната Владина седница.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега