Македонски компании на еден од најголемите светски саеми за овошје во Берлин

Со поддршка на Mинистерството за земјоделство, шумарствo и водостопанство, 14 македонски фирми од денеска до сабота учествуваат на еден од најголемите светски саеми за овошје во Берлин.

На „Фруит логистика 2015“ се претставуваат 2.750 компании од 83 земји кои се занимаваат со продажба и одгледување на овошје. Саемот се смета за еден од најголемите форуми за презентација на компаниите од овој сектор.

„Фруит логистика“ е одлична можност за изнаоѓање странски партнери зашто го посетуваат преку 60.000 меѓународни трговски претставници од 130 земји. Околу 20 проценти се Германци, а останатите, речиси повеќе од 80 отсто, се од други држави.

На саемот во Берлин учествуваат Баџо Доел - Богданци, Евромак - Струмица, Екстра Фунги - Кочани, Фруктана - Карбинци, Фрутема - Кавадараци, Кривогаштани Промет од Прилеп, Ксенос - Демир Хисар, Перминдекс - Градско, Таурус Фармс - Богданци,  Туран - Богданци, Венец - Неготино, Виториа Фруит - Гевгелија, Жито - Велес и Зои Унион од Квадарци.

Лани во светот биле произведенни 1,8 милијарди тони овошје и зеленчук. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега