Странски експерти: Многу е лесно да се фалсификува аудио материјал, да се создаде нешто невистинито

Кога монтирањето на аудио и видео материјали е во прашање, странските експерти се на иста линија со македонските колеги. Според нив, многу е лесно да се создаде нешто неточно, нешто невистинито, односно фалсификат. Многу е лесно да се создаде фалсификуван документ. Процесот на монтирање, коментираат тие, воопшто не е комплициран процес, од научна гледна точка потенцираат дека тоа е многу лесна работа.

-Имате многу снимки од моите зборови, речениците кои ги изговарам, мојот говор, можете да ги одберете зборовите кои сакате да ги употребите за нешто. Потоа можете да ги залепите едни со други, притоа создавајќи еден нов аудио материјал, кој би можел да биде вистинит, но и не мора да биде вистинит. Значи, можете да го сечете материјалот. Ова е многу едноставно, знаете, имаме многу кодови, многу реченици кои се исечени од страна на луѓе кои едноставно го употребуваат делот кој им се допаѓа или не го споменуваат делот кој не им се допаѓа, смета проф. д-р. по информатички технологии Махди Корсави, кој има завршено на  универзитетот во Окинава, Јапонија. 

Според него, при обработката, или како што поинаку се нарекува – монтирањето на еден аудио разговор или на некој говор, многу е возможно да се стават зборовите едни врз други, а потоа да се појави некаков дисконтинуитет.

-Што се однесува на техничкиот тек, ќе се појави некаков дисконтинуитет кој може да се препознае од страна на експерти. Но потоа, пак, овие експерти можат да го прикријат тој дисконтинуитет со тоа што ќе стават некаква бучава во позадина, со тоа што ќе ги нормализираат деловите зашто постојат повеќе делови кои на вештачки начин се прилепуваат едни на други. Технички, со монтирање е возможно да се фалсификува аудио материјал. Технички, можам да ви кажам дека е лесно изводливо, вели Корсави.

Тој додава дека сепак потребна е голема база на податоци како зборови и реченици, бидејќи зборовите не можат да бидат генерирани од страна на компјутер.

-Значи, зборовите треба да бидат обезбедени од некои извори, од некои оригинални извори кои се вистински, но сепак, продуктот, композицијата може да биде и невистинита, смета Корсави.

Професорот по компјутерска наука д-р Димитро Зубов од Украина се согласува дека монтирањето на материјалите не е комплициран процес. Според него, тоа е лесна задача, од научна гледна точка, многу лесна работа, која вопшто не е тешко да се направи.

-Ако имаме некоја база на податоци, од неа можеме да земеме некои зборови или фрази и потоа истите да ги поврземе и да добиеме сосема поинаква содржина. На пример, јас во моментов зборувам и вие можете да исечете некои делови од моите реченици, па потоа да ги прилепите едни до други. На пример, вие поседувате смартфони, нели? И можете да го снимате она што го кажувате. На пример, снимате еден дел од говорот, па друг дел и потоа се обидувате да ги споите тие делови употребувајќи многу едноставен софтвер. Многу е лесно да се создаде нешто неточно, нешто невистинито, односно фалсификат. Многу е лесно да се создаде фалсификуван документ, вели професор Зубов.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега