Жерновски: Логично е да си донесам луѓе со кои сакам да работам

Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ, се гледа и со денешната прес-конференција на советникот Томислав Лазаров. Тој само го повтори она што го говореа и на седницата за ребалансот на буџетот.

Во минатиот мандат градоначалникот Тодоровиќ  ја зголеми бројката  за 70 вработени, односно од 65 на 135. И тоа на блиски роднини и партиски луѓе. Во општината се примало се, замислете  и двајца нуркачи. Има вработени, „заслужни„ партиски кадри  кои само фигурирале на платниот список, а не се појавувале на работа.Т

Градоначалникот Андреј Жерновски, вели дека нема да го  зголеми бројот на вработени во општинската администрација двојно повеќе како претходникот.

Доаѓам после 13 години власт на ВМРО-ДПМНЕ на чело на општината. Јас не можам да туркам тоа што јас го планирам со луѓе кои шират друга политичка агенда, агенда на која жителите на Центар не и дадоа доверба.Логично е  што сум донел луѓе со кои сакам да работам. Советникот Лазаров, требал да види прво што се случува во другите општини каде раководи ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа што го прави централната власт и колку има вработено исклучиво партиски кадри“, вели Жерновски.

 

Што се однесува до пренасочување на средства, како што вели Лазаров, ова е уште еден обид за манипулација, како она за црквата. Но, нели вистината е како шило, па испливува на површина. Како што излезе вистината за црквата, така е и за лагите за градинката и училиштето. За градинката во Капиштец, е изработен проект и се чека уште на ревизија за да почнат градежните активности. За училиштето, пак, првин треба ќе  се изработи идејно решение, кое ќе биде избрано на меѓународен конкурс од страна на комисија, и потоа ќе започнат работите за изградба. Не очекува сигурно никој за еден месец да биде изградено училиштето. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе го направиме она што го ветивме. Во нивната програма беше изградба на градинка и училиште, но за 4 години не го реализираа.

(Интегрален текст од реакција на Општина Центар на прес-конференцијата на советникот Томислав Лазаров) 

најчитано сега