Промоција на органска храна пред најмладите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе донира органска храна на детската градинка „Чекорче“ во скопската населба Аеродром.

Со оваа акција продолжуваат активностите за промовирање на домашните органски производи. Целта е, како што соопшти МЗШВ, да се анимира најмладата популација и од најмала возраст да биде запознаена со вкусот на органската храна.

Донацијата ќе ја врачи заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега