Проверете дали утре ќе останете без струја

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат уливи во општините Чаир, Карпош и Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Џон Кенеди“, а од 10 до 13:00 часот корисниците од околината на Јаја Паша Џамија и улицата „Цветан Димов“ бр. 190 во општина Чаир.

Од 9 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“, а од 9:50 до 10:50 часот дел од улицата „Демир Трајко“ во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе биде улицата „Чедомир Миндеровиќ“ општина Центар. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 14:22
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега