ВИДЕО: Неверојатна снежна виулица на Балаканот- од утре снег и во Македонија

Дел од училиштата се затворени денес поради снежната виулица која ја зафати Словенија. На патиштата има ограничување, а властите соопштуваат дека денешната виулица е најголема оваа зима.

 

Според нивните информации, обилни снежни врнежи и силен ветер го погодиле западот на земјата,  а се очекува невремето да се прошири на цела територија.

 

Затворени се и три гранични пункта за камиони со цел да се избегне создавање на колони и заглавување на патиштата.

Во Словенија е прогласен портокалов степен на аларм поради опасност од временските неприлики, додека на некои места активиран е црвен аларм.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега