ЕКСКЛУЗИВНО: Заев не барал само техничка влада - барал да се ослободат и познати криминалци

Не само техничка влада, Заев барал од премиерот Груевски да ослободи од затвор негови лични пријатели осудени за криминал, дознава Сител од извори во истрагата. Не барал ослободување на новинарот Кежаровски или екс сопартиецот Бучковски. Заев барал слобода за личните пријатели Роби Телекабел осуден за насилство и првоосомничениот во акцијата Лепак, шефот на царината на граничниот премин Ново Село обвинет за криминал тежок неколку милиони кој инаку беше претседател на младината на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.

Барањата на Заев кои наликуваат на уцените на Исламска држава биле испорачани на директните средби со премиерот Груевски.  Лидерот ан СДСМ бил ултимативен - или исполнување на сите барања, или материјалите од странски разузнавачки служби ќе бидат објавени.

Извори на Сител од истрагата потврдуваат дека Заев за целата операција бил во постојана координација со екс директорот на УБК Зоран Верушевски.

Наспроти неговите тврдења дека нес е познава со првоосомничениот, дознаваме дека се документирани сите нивни средби . Повеќето се одвивале во просториите на приватна фирма во Струмица за која се шпекулира дека е во сопственост на кланот Заеви. Дел од состаноците биле држени во еден од најпознатите струмички хотелски објекти. Но дел се одвивале и во приватни станови во скопската населба Аеродром.

При сите овие средби двајцата се однесувале како шпиони од американски филм. Лидерот на опозицијата, според извори од истрагата пред средбите во главниот град се маскирал од глава до пети, на главата ставал капа а дел од  ликот го прекривал со шал.

 Дека Заев бил свесен за она што го прави покажуваат неколку сегменти од неговото однесување. пред секој влез во Скопје тој го гасел својот мобилен телефон зашто се сомневал дека може да му се влезе во траг

Извори од истрагата за Сител потврдуваат дека Зоран Верушевски и Зоран Заев комуницирале и по писмен пат. Во обид да ги избегнат телефонските разговори и да ги скријат трагите на соработката си испраќале и писма преку курири.

Заев во единственото обраќање пред јавноста по избивањето а мега скандалот излезе со тврдење дека никому не му се заканувал, дека не се познава со Зоран Верушевски и дека не бил вмешан во шпионирање. Материјалите со кои во јавноста со месеци се заканува и бара техничка влада тврдеше дека му ги доставиле анонимни загрижени граѓани.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега