"Ме тепаше и силуваше, па ми стави ќеса на глава и уринираше врз мене"

-Со часови ме тепаше и силуваше. Ми стави ќеса на главата и уринираше врз мене. Го молев да престане, но тој не се откажуваше, изјави вчера во судницата во Белград, Б.М која поднесе тужба за силување против синот на амбасадорот на Црна Гора, Дамјан Перовиќ (30).

Не оспорувајќи го фактот дека имал груб сексуален однос со Б.М, Дамјан во судницата повторно негирал дека станувало збор за силување. 
Адвокатот на жртвата, Марко Ничовиќ вели дека е незадоволен од отфрлањето на жалбата. 
 
-Основниот суд одлучи дека Перовиќ не ја силувал, туку дека само ја тепал. Ваквата пресуда од сам старт е сомнителна, додал тој.
Наводно, силуваната Б.М на вчерашното сослушвање зад затворени врати го повторила тоа што го кажала на првото судење.
 
-Со часови ме тепаше и силуваше. Ми стави ќеса на главата и уринираше врз мене. Го молев да престане, но тој не се откажуваше, изјави вчера во судницата во Белград, Б.М која поднесе тужба за силување против синот на амбасадорот на Црна Гора, Дамјан Перовиќ (30).
 
Со првостепената пресуда, Перовиќ е обвинет дека ноќта помеѓу 27 и 28 јуни 2011 година ја претепал 36 годишната Б.М, но не и дека ја силувал. Тој е осуден на деветмесечна затворска казна поради нанесување на лесни телесни повреди.
 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега