Како преживеа повредениот во експлозијата во Богданци?

Тројца загинати и еден повреден е билансот по денешниот пожар во фабрика за плински боци во Богданци.

Според изјавите на очевидци, повредениот кој се наоѓа на возраст од 40 години успеал да се спаси така што скокнал во реката која се наоѓа спроти фабриката.

Потоа бил изваден од реката и веднаш пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ од каде информираат за неговата состојба.

-Пациентот е донесен во релативно добра општа состојба, комуникативен , но има изгореници од втор и трет степен околу 30 проценти од телото. Доминираат изгорениците на лицето, шаките, на двете потколеници и на дел од трупот. Кај пациентот се направени сите клиничко дијагностички следувања, повикан е конзилијарен очен лекар со оглед дека најизразени се изгорениците од трет степен на лицето, вели директорката на болницата, д-р Чабуковска.

Починатите три лица се од селото Ѓаково на возраст од 59, 42, и 40 години. Полицијата и јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата за да се утврди од кои причини настанал пожарот во фабриката.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега