Изгаснат пожарот во фабриката за плински боци во Богданци

Изгаснат е пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балканс гас“ во Богданци по експлозијата што се случи во фабричките капацитети, јавува МИА.

Истражните екипи официјално потврдија дека трите жртви во пожарот се на возраст од 40, 42 и 60 години и дека сите се од селото Ѓавато оддалечено пет километри од Богданци. Телата на починатите се предадени на судска медицина за да им се изврши обдукција. 

Еден од вработените кој се здоби со тешки изгореници веќе е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје за натамошно лекување. 

Истражните дејствија на теренот продолжуваат и натаму.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега