Косовската Влада планира да ги отпише сите долгови на граѓаните и фирмите до 31 декември 2008

Косовската Влада одлучи денеска да формира комисија, која ќе ја разгледа можноста за отпишување на сите долгови на граѓани и фирми кон институции и државни претпријатија од 1999 до 31 декември 2008 година. 

- 2008. беше година на големи промени на Косово, прогласена беше независност, усвоен беше Уставот и законите почнаа да се применуваат, изјави министерот за финансии Авдулах Хоти, кој нагласи дека сега на косовските граѓани им треба нов почеток, да се ослободат од минатото и да се посветат на иднината. 

Тој прецизираше дека во рок од еден месец комисијата ќе направи оценка на долговите кон даночната служба и царинците и неплатени сметки за струја, вода, греење и отпад.

Хоти истакна дека таа мерка се применува со цел да се олесни дејноста на фирмите и животот на граѓаните на Косово. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега