Заев конечно проговори кога ќе ја фрли бомбата

Бомбата ќе се активира од понеделник, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за еден од медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС. Заев вели дека по Централниот одбор на СДСМ кој е закажан за утре ќе се донес одлука и дека од понеделник може да се очекува да почне објавувањето на материјалите кои лидерот на СДСМ, како што самиот кажа во разговорот со премиерот Грувески ги добил од странски служби. 
Заев вели дека е подготвен и да биде уапсен и дека веќе има план кој после него ќе продолжи со објавување на материјалите.
Сепак извори од СДСМ велат дека никој не се нафаќал да ги објавува материјалите на Заев бидејќи за нив, може да се одговара кривично со оглед на тоа дека се добиени на незаконски начин и според тврдењето на Заев од странски служби. Токму затоа, во опозицијата не се отфрла можноста за враќање во Собранието и користење на пратеничкиот имунитет.

Заев е еден од четвроицата осомничени во акцијата Пуч. Тој се спаси од притвор бидејќи до моментот кога обвинителството издаваше налози за апсење тој немаше објавено ниту еден материјал од т.н. бомба. ОСтанатите тројца осомничени се наоѓаат во притвор.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега