Силно снежно невреме го зафати Балканот - од утре снег и во Македонија

Дел од училиштата се затворени денес поради снежната виулица која ја зафати Словенија. На патиштата има ограничување, а властите соопштуваат дека денешната виулица е најголема оваа зима.Според нивните информации, обилни снежни врнежи и силен ветер го погодиле западот на земјата и Хрватска, а се очекува невремето да се прошири на цела територија.   Затворени се и три гранични пункта за камиони со цел да се избегне создавање на колони и заглавување на патиштата. Во Словенија и во Хрватска е прогласен портокалов степен на аларм поради опасност од временските неприлики, додека на некои места активиран е црвен аларм. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега