Лоша вест: Нафтата поскапува - од вторник ќе возиме поскап бензин?

Цените на нафтата денеска го продолжи да расте. Барел американска „лесна“ нафта за испораката во март на берзата во Њујорк е поскап за 90 центи и се продава по цена од 51, 38 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон е поскап за 84 центи и сега чини 57, 41 долар, пренесе агенцијата Франс прес.

- Колебањето во цените на нафтата пред се е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за залихите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денеска по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД, изјави аналитичар за агенцијата.
 
Заклучно со 30-ти јануари бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.
 
Оттука, голема е веројатноста од понеделник, Регулаторната комисија за енергетика да ги покачи малопродажните цени на натените деривати во Македонија
 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега