Пијан скопјанец вознемирувал минувачи - го однеле во полиција па направил хаос

Шеесет годишниот скопјанец В.К. вчера попладнето е приведен во полициската станица Гази Баба бидејќи ги вознемирувал минувачите и немал лични документи за утврдување на идентитетот. В.К. во полициската станица нападнал полициски службеник удирајќи го со тупаница во пределот на главата, при што му нанел видливи повреди црвенило и расекотина.

Приведениот е алкотестиран при што констатирано му е присуство од 2.98 промили алкохол во крвта.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега