СДСМ се враќа во Собранието

Социјалдемократите се пред враќање во Собранието. Партиски извори за Press24 брифираат дека вечерва на состоанокот на Централниот одбор кој е закажан во 18 чаот лидерот Зоран Заев ќе побара враќање на пратениците во законодавниот дом, како би се користел пратеничкиот имунитет за објавување на компромитирачките материјали за кои опозицискиот лидер призна дека ги добил од странски служби.

Високи функционери во СДСМ коментираат дека опозицискиот лидер сам ја донесе одлуката за напуштање на Собранието, а сега, од Централниот одбор бара одлука за враќање во пратеничките клупи.
Коментаирте од Бихаќка се дека Заев сака да ја префрли одговорноста врз пратениците и тие наместо него да ги објавуваат материјалите со кои тој верува дека ќе ја урне актуелната власт.

Интересно е што уште со самото доаѓање на чело на СДСМ Заев го смени партискиот Статут и си даде поголеми ингеренеции со можноста сам без партиските тела да именува и разрешува претседатели на општински одбори и на тој начин сам да може да ја креира пратеничакта група.

Во моментов, речи си целото раководство на СДСМ, со исклучок на неколкумина е надвор од пратеничката група, па оттука одговрноста за материјалите за чие објавување може да се одговара кривично се префрла врз пратеници кои се вистински анонимци во политичкиот живот во Македонија.
Дел од пратениците веќе се спротивставиле на одлуката да ја преземат одговорноста и да објавуваат дел од материјалите кои Заев ги добил на незаконски начин.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега