Желбата е голема: Над 60.000 Албанци бараат српски пасош

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека до Србија, моментално има поднесено околу 60.000 барања на косовски Албанци за издавање на српски пасош. 

- Имаме над 60.000 барања на Албанци од Косово за издавање пасош од нашата држава, изјави Стефановиќ по потпишувањето со шведскиот амбасадор Кристер Аспом Протокол за спроведување на Договорот меѓу Србија и ЕУ за реадмисија на лица со нерегулирано право на престој. 

Спред Стефановиќ, „тоа е нивна желба Србија да биде нивна држава“, јави Танјуг.  - Поголем број Албанци сакаат да ја признаат Србија како своја земја. Јас тоа така го толкувам, заклучи Стефановиќ.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега