Малолетник фрлил солзавец во автобус - затруени 17 деца

Седумнаесет средношколци од Прешево синоќа побарале лекарска помош поради труење со гас во автобус, кога еден малолетник врз нив фрлил солзавец.

Дирекротот на болницата во Прешево Митат Сахити изјави дека сите се во добра состојба и во текот на ноќта биле пуштени на домашно лекување.

Автобусот, што ги превезувал децата, патувал од Прешево до четири соседни села. Инцидентот се случил синоќа по 20 часот кога децата од втората смена се враќале од училиште од Прешево во соседните села.

Откако автобусот застанал, некој од учениците фрлил солзавец. Децата добиле проблеми со дишењето, гадење, повраќање, грчеви. 

Во полицијата во Врање изјавија дека солзавецот бил фрлен од 17-годишен ученик, кој бил сослушан од полицијата.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 13:30
Фото: 
кајгана

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега