ВИДЕО: Поплавите во Албанија ја земаа првата жртва

Полицијата во Корча денска соопшти дека поплавите на југ во Албанија ja однеле првата жртва. Станува збор за жена од селото Врдово близу Подградец.

Во утринските часови таа се удавила во надојдената река Врдово која поминува низ селото.

Потрагата по телото на жената се уште не е завршена, јавуваат албански медиуми. Поплави се регистрирани во речиси цела Албанија откако голем број реки се излеаја од коритата поради повеќедневните поројни дождови. 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега