ТРАГЕДИЈА: Се удави 6-годишно детенце - надојдена вода во кумановско ја зема првата жртва

Трагедија ја потресе Македонија. Шест годишно детенце се удави во кумановско Никуштак откако го повлекла надојдена вода.

Се работи за 6-годишниот Алмир кој се движел со својот брат, постар од него една година. Во еден момент сакале да преминат преку надојдената вода, во напливот на водата од ридот во близина ги повлекол двете деца.

Поголемото братче успеало да се спаси, додека 6-годишниот Алмир се удавил во надојдената вода. Седумгодишното дете е пренесено во болница каде му се извршени лекарски прегледи, дознава Курир.

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега