СКАНДАЛ: Амбасадор и странски премиер ја готвеле бомбата на Заев

Амбасадор и странски премиер ја подготвувале бобмата заедно со Заев и Верушевски. Писмото кое ексклузивно го објави Press24 кое Заев му го испратил на Верушевски околу 20 јануари, само ја потврдува вмешаноста на странските служби во подготовката на материјалите со кои Заев му се закануваше на премиерот Груевски.

„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор ... е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот ... (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие“ - у пишува Заев на Верушевски

Немаме информации за кој амбасадор станува збор, а нашиот извор не сака да го открие идентитетот на странскиот премиер за да не и наштети на истрагата која се води во моментов.

Со ова писмо паѓаат во вода сите оправдувања на Заев дека не сорабтувал со странски служби. Оттука, оправдан е и револтот на граѓаните кои масовно и се приклучуваат на граѓанското движење за одбрана на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега