„Требаше јас да бидам во автомобилот а не Ивана" - сопругот скршен од болка

Љуба Богичевиќ чија сопруга беше изрешетана со калашников во нивниот Пасат, требало да тргне кон Нови Сад, но се предомислил во последен момент. Ивана е во тешка состојба и докторите се борат за нејзиниот живот, а Љуба не може да се помири што тој не влегол во колата.

- Требало да оди во Нови Сад да заврши некоја работа, но бидејќи било рано ја замолил сопругата да го направи тоа место него. Сега многу се кае, никој не го очекуваше ова, вели извор за српскиот Курир.

Напаѓачот знаел каде се крие Богичевиќ и веројатно постои уште некое лице во приказната кое му ги давало тие податоци.

Ова е втор пат да настарада некој друг наместо Богичевиќ. И во јуни минатата година негов пријател кој го враќаше дома настарда наместо него.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега