Драма на Метрополит Теодосиј Гологанов: За малку ќе го прегазел со автомобилот па...

 

На улицата „Метрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа околу 22 часот се одвивала вистинска драма. Додека С.М. управувал такси возило „Киа Сид“ со скопски регистарски ознаки, патот му го пресекол 31-годишниот скопјанец Д.Ц. Веднаш потоа, според податоците од полицијата, С.М. му се обратил да внимава бидејќи за малку ќе го прегазел, по што. Д.Ц. се стрчал кон возилото и со тупаница удрил и го скршил ветробранското стакло. Откога таксистот излегол од возилото физички бил нападнат со удари со раце во пределот на главата и телото. Потоа скопјанецот се обидел физички да го нападне и патникот кој се превезувал во возилото, но тој успеал да избега. 

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега