Се обиделе да криумчарат мигранти - паднаа во рацете на македонската полиција

Министерството за внатрешни работи изминативе денови реализираше девет случаи на криумчарење мигранти во кои до надлежното основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против 11 лица од кои двајца државјани на Република Грција, еден српски и еден бугарски државјанин.

Притоа се откриени и 88 странски државјани, од кои 50 се сириски државјани, 23 од Авганистан, 13 од Сомалија и двајца од Гана.

Од страна на Судија на претходна постапка на осум од пријавените им се одредени мерки притвор, за тројца во траење од по осум дена, а за другите петорица во траење од по 30 дена.

Сите откриени мигранти по направените разговори и проверки се префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје. 

Во првиот случај кривично пријавени се П.П.(43) од Гевгелија и И.С.(34) од Скопје поради тоа што во организација на засега непознато лице од Скопје, прифатиле и се обиделе да извршат превоз на 22 илегални мигранти (20 сириски државјани и двајца мигранти од Гана), од Гевгелија до Куманово. По претходен договор со непознатото лице од Скопје, И.С. со товарно моторно возило влекач марка „Ивеко“ со приколка, кое го обезбедило од него, се упатил кон Гевгелија, каде го оставил камионот и се вратил со друго возило кон Скопје. По неколку дена И.С. телефонски бил повикан од непознатото лице дека камионот е натоварен и да оди до Гевгелија, да го земе и да го пренесе товарот до одреденото место на подрачје на Куманово. И.С. се упатил кон Гевгелија, а откако го земал камионот, стапил во контакт со П.П. од Гевгелија, кој со своето возило се движел како чистач на одредено растојание пред камионот и го информирал навремено за полициски патроли на патот. Во близина на село Мрзенци на патот од Гевгелија кон Скопје, од страна на полициска патрола запрено е возилото „Ивекото“, и при контрола се откриени мигрантите.

Во вториот случај кривично е пријавен Д.С.(53) од Скопје возач во скопска такси компанија којшто за сума од 50 евра требало да пренесе тројца илегални мигранти (двајца од Сирија и еден од Авганистан) од Транспортниот центар во Скопје до село Лојане, кумановско. Од страна на полициски службеници на БПС-Куманово на локалниот пат Куманово - село Лојане во близина на железничка пруга кај село Речица било сопрен автомобил „форд фокус“ со скопски регистарски таблички управувано од пријавениот Д.С. во кое биле тројцата илегални мигранти.

Во третиот случај на автопатот Куманово - Табановце кај напуштена бензинска пумпа униформиран полициски службеник сакал да запре автомобил „фолксваген голф“ со грчки регистарски таблички управуван од А.Ц.(26) од Солун, Република Грција во кое се превезувале петмина сириски илегални мигранти. Пријавениот при легитимирањето ги оставил мигрантите, се дал во бегство, но набргу во близина на Неготино е фатен и приведен. Според изјавите на мигрантите тие илегално влегле во Македонија во близина на ГП „Богородица“, каде што преку непознато лице договориле превоз до Куманово за сума од 200 евра по човек.

Во четвртиот случај кривично е пријавен Д.Л.(34) од Скопје кој што исто така во близина на село Речица, кумановско, бил запрен од страна на униформиран полицаец од полициската станица за ГН Сопот во обид со автомобил „Форд Транзит“ со скопски регистарски таблички да пренесе петмина сириски државјани до селото Долно Коњаре за сума од 50 евра.

Во петиот случај Б.Ш.(34) од Прешево, Република Србија со „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички прифатил четворица сириски државјани, но во близина на село Удово возилото со мигрантите е сопрено од страна на полициски слбеници од Демир Капија. Судија на претходна постапка на Б.Ш. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Во шестиот случај униформиран полицаец од станицата во Демир Капија во близина на Неготино открил 22 илегални мигранти од Авганистан, односно членови на четири семејства во кои девет биле деца на старост од една до 15 години, кои со автомобил „Форд Транзит“ со струмички регистарски таблички управуван од пријавениот Д.А.(30) од Куманово требало да бидат пренесени до границата со Србија. На пријавениот од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Во седмиот случај кривично се пријавени К.М. (45) од Гевгелија и А.М.(36) бугарски државјанин за кои Судија од претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Полициски службеници од полициската станица во Демир Капија и од Михајлово, во Неготино при контрола и извршениот претрес на автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички управувано од првопријавениот, кој бил со второпријавениот, во предната фиока во возилото пронашле бугарска сообраќајна дозвола од товарно моторно возило „Фолксваген Транспоретер“. Од направената контрола утврдено е дека транспортерот, управуван од непознато лице и оставено на локалниот пат Демир Капија-Неготино се превезувале 21 лице илегални мигранти од кои осум сириски и 13 сомалиски државјани, со намера да бидат превезени до Србија.

Во осмиот случај од страна на унифаормиран полицаец од Михајлово на автопатот во правец Неготино-Велес на даден светлосен сигнал за запирање џип марка „Волво“ со грчки регистарски ознаки управувано од кривично пријавениот грчки државјанин К.Ј.(55), нагло ја зголемило брзината и продолжило да се движи во правец кон Велес. По еден километар полициските службеници успеале да го сопрат возилото во кое се наоѓале тројца сириски државјани, кои илегално ја минале македонско-грчката граница со намера да стигнат до Србија. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

И во последниот деветти случај на автопатот Е-75 Гевгелија - Скопје поточно кај исклучокот за Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат „Фолсваген Голф - 4“ со скопски регистарски таблички управуван од пријавениот Р.Б.(28) од село Брест, скопско. При обидот да биде сопрен, пријавениот го запрел возилото и се дал во бегство по нивите во правец на река Вардар, скокнал во реката, но по кратко време полицајците го извлекол од реката. Во возилото биле откриени тројца сириски илегални мигранти, а Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега