Драма кај училиштето Јахја Кемал - ги претепале па и го киднапирале сопругот!

Скопјанец и неговата сопруга денеска на пладне биле претепани од засега непознати напаѓачи во Струга. Инцидентот се случил во близина на училиштето „Јахја Кемал”.

Според првичните информации на „Охриднет“ напаѓачите од засега непознати причини го истепале брачниот пар, а потоа машкото лице го киднапирале. На сила го ставиле во автомобилот и заминале кон Струга. Претепаната жена помош побарала во струшката болница.

Физичкиот напад врз мажот и жената го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потенцирајки дека полицијата работи на расветлување на сите аспекти на случениот настан.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега