Незапаметен злостор: Маријан ја заклал партнерката па се обидел да се самоубие

Жестоко убиство го потресе селото Виево во близина на Смолјан синоќа. 50-годишниот Маријан ја заклал својата партнерка 45-годишната Соња Димитрова. Тој неколу пати ја прободел со нож по што и го го отсекол вратот, откако видел дека Соња е мртва, започнал да бега, по што решил сам да си пресуди. Прво го искористил ножот со кој ја убил девојката, но откако не успеал, се обидел да се обеси со врвките од обувките, но и тој обид завршил неуспешно, пренесува Блиц.

Во меѓувреме бил пронајден од полицијата и уапсен. Селото Виево е шокирано од овој немил настан. Мештаните велат дека Маријан и Соња често се расправале.

-Често се расправаа, минатата година Марјан ја избоде со нож но таа преживеа. Овојпат успеа во намерата, изјавила нивна соседка за Блиц.бг.

Неофицијално, Маријан бил многу пијан за време на злосторството, па дури отпосле сфатил што направил.

 Полицијата го истражува убиството.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега