„Знаеја дека не сум во автомобилот, намерно пукаа во Ивана"

Не е можно да не виделе дека има жена во автомобилот. Па, не возеше тенк, а и пукано е од блиску. Ова го вели сопругот на изрешетаната жена од Србија која уште се бори за живот.

- Засега најважно ми е сопругата да се опорави. Убијците знаеле дека тој ден не бев јс во автомобилот. Се гледа, пукано е од блиску, намерно е...Ако веќе ја следеле виделе кој вози, вели Љубо Богичевиќ.

Кобниот ден тој останал дома да спие. Веста му ја соопштила полицијата која му тропнала на вратата.

Љубо додава и дека не се крие, слободно оди на улиците и не се плаши од тие што сакаат да го убијат.

 

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега