Хрватите се фалат – го измислиле отписот на долгови!?

Владата на Хрватска се пофали дека самата го смислила проектот „Отпис на долгови“. И не само што го смислила, туку овој модел сакале го користат и други земји од регионот, а наводно за него се интересирале и германски и француски новинари. Во интервју за Јутарњи, потпретседателката на Владата и министерка за социјална политика, Миланка Опачиќ, изнесува неверојатни тврдења. Според неа, ваков проект не постоел никаде во светот и бил оригинален хрватски изум, пишува Лидер.мк.

„Ова е наш, хрватски модел, кој ние сами го смисливме и кој, колку што нам ни е познато, не постои на друго место во светот. Она што другите ги зачудува е што во овој проект доверителите влегуваат доброволно. Тоа значи дека Владата не донесе закон или декрет со кој би пропишала кои долгови мораат да бидат простени.Доверителите доброволно се вклучија во проектот, нормално по договорени услови. Интересот за овој проект е голем, особено во државите во регионот. Во понеделник во Умаг ќе се сретнам со словенечката министерка за труд и тоа на нејзино барање, за да ја запознаам со нашиот модел од отпис на долгови“ – вели Опачиќ во интервјуто.

Се фалат, а уште се на почеток

Листата изработена од Фина покажа дека во Хрватска во овој проект би влегле околу 75 илјади граѓани, чии сметки се блокирани повеќе од една година и чии приходи не надминуваат 1.250 куни (9.950 денари) по член на домаќинство или 2.500 куни (19.890 денари) за самец. Таму во моментов околу 10.000 луѓе добиле потврда дека ги исполнуваат критериумите за отпис, иако во целата земја со блокирани сметки се 320.000 граѓани.

„Се работи за еднократна мерка која нема да се повтори и затоа сакам да порачам дека грешат оние кои очекуваат дека и во иднина ќе се отпишуваат долгови и дека затоа не треба да си ги плаќаат сметките. Ова е шанса на дел од луѓето да им овозможиме нов почеток, а за да спречиме какви било злоупотреби одредивме датум до кога се признаваат долговите“ – објаснува Опачиќ.

Повеќе прочитајте на Лидер.мк 

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега