Почина познатиот македонски новинар и радио водител

Познатиот новинар и радио водител Стојан Тренчевски, основач и Претседател на граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза" починал денеска.

Тренчевски е мошне познат новинар и хроничар со богат век, кого го нарекуваа „Син на Мајка Тереза". Неговото име е синоним на новинар и радио водител кој целиот свој работен век го посветил на следење на историските настани и личности од денешницата.

Меѓудругото, го следеше ликот и делото на Мајка Тереза, соработуваше со Тоше Проески, а остави печат по преносот што на Македонско радио го изврши на денот на осамостојувањето на Македонија. Напишаните 20-тина книги, стотици радио репоражи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори , тоа се незаборав и времеплов, негов прилог за богатството на македонската журналистика.

На негова иницијатива, се оствари и неговата идеја и желбата  да се изгради спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје, како и желбата да се изгради храм на Тоше во родното Крушево.  

Погребот ќе се одржи утре во 12.30 на Градските гробишта – Бутел.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега