Лидерот на ГРОМ: Ако Заев сега прислушува што би правел кога би бил на власт

Единствен спас СДСМ сега гледаат евентуално за било каков пресврт во Република Македонија со помош на странски разузнавачки служби. Овде се праќаат две клучни пораки. Првата е дека Заев уште не дошол на власт, а тој веќе спроведува опсежни пратења, снимања следења на видни граѓани, политичари, доктори, писатели, новинари итн, и каква е политичката порака кога тој би дошол на власт.

stevciooo500

 

Ова го вели претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во гостувањето во вестите на Сител, додавајќи дека работата е целосно загубена во опозицијата.

-Тоа е едно сеење на страв кај граѓаните на Република Македонија. Опозицијата има милион ипол фајлови, тоа се илјадници граѓани во Република Македонија кои се прислушувани, истакна Јакимовски.

Тој посочува дека најпрво СДСМ не сакаа да одат на локални избори, па потоа не сакаа да ги признаат парламентраните избори, па не сакаа да се вратат во Парламентот, а сега гледаат спас во странски служби.

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега