Трагедија: Петгодишно детенце го загуби животот на скопските улици

Викендов на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 21 сообраќајна незгода.

Во петокот извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници и двајца пешаци, додека во саботата се случиле седум сообраќајни незгоди, а од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден возач на мотоцикл.

За жал, се случила и сообраќајка со загинато лице во 21 часот и 15 минути на улицата „1“ во селото Рашче. Патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на селото Долно Свиларе прегазил петгодишно детенце кое за жал им подлегнало на повредите.

Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и една е со телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега