Пронајден автомобилот на телохранителот на Зијадин Села

Полицијата го пронашла автомобилот на телохранителот на струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој пред исчезна пред неколку дена.

Автомобилот „Ауди А-4“ на 27-годишниот Уран Купа бил забележан во близина на автобуската станица во Дебар од страна на полицајци, но истиот бил заклучен.

-По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло, информираат од СВР Охрид.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега