ССК го поздрави предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Сојузот на стопански комори на Македонија го поздрави предлогот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кој пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе до Собранието.

-ССК го поздравува предлогот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кој прагот на вработените лица и пензионерите кои остваруваат приход по основ на работа или по основ на пензија се качува на ниво на просечната плата исплатена во 2014 година. Придонесите ќе се плаќаат само на делот кој што е над просечната плата, истакна заменик претседателот на ССК Сеад Кочан.

Од Сојузот на стопански комори уште во средината на декември минатата година, на прес-конференција истакнаа дека, новите Законски измени од 1 јануари 2015 година со кои договорите за дело и авторските договори ќе влезат во системот на задолжително осигурување, се позитивни и ќе ја елиминираат нелојалната конкуренција меѓу компаниите, а хонорарците ќе добијат социјална сигурност и еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време.

-Она што ССК тогаш го предложи, беше прагот да се помести на ниво на просечна плата во Република Македонија, наместо минималната плата. Анализите и консултациите со компаниите членови на ССК, резултираа и со усвојување на предлогот и позитивен одговор, од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која како што информираа подготвила предлог со кој би се одговорило позитивно на нашите барањата, но во исто време не би се изгубила главната цел и праведност на претходните измени на Законот. Ова е уште еден пример за јавно-приватно партнерство со бизнис заедницата и институциите, додаде Кочан.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа