Нова опасност во Битола - водата речиси до куќите

Локалиот кризен штаб на денешниот состанок во Битола по извршената анализа на сите критични места кои во моментов се погодени од поплавите во Пелагонија, констатира дека нивото на водите насекаде се намалува, но механизацијата и понатаму ќе остане до насипите и речните корита.

На состанокот, било разговарано и за вештачката акумулација, односно езерото Стрежево во кое има многу вода и затоа мора да се најде начин како таа ќе се ослободува од вишокот вода, пренесува МИА.

- Имаме проблем во атарот на селото Црнобуки каде е насобрана голема вода и ги загрозува куќите во селото. Една од идеите е да се изврши пресек на локалниот пат што води до селото и таа интервентна мерка ќе овозможи да се ослободиме од насобраната вода, изјави градоначалникот на Битола Владимир Талевски, по завршувањето на состанокот.

На барање на битолчани кои живеат во странство, но и други пријатели на Битола, истакна тој, одлучено е Општина Битола да отвори денарска и девизна жиро сметка за собирање финансиски средства за намалување на последиците од поплавите.

- Од насобраните средства меѓу другото ќе се набават силни пумпи за испумпување на вода кои ќе бидат за брза интервенција и коишто секогаш ќе бидат лоцирани на критичните места коишто ги воочивме за време на поплавите. Со пумпите ќе управуваат посебно задолжени лица кои ќе реагираат при надоаѓање на големи води. Се разбира, од собраните средства ќе се нуди и друга помош, а таа е неопходно потребна на сите коишто беа погодени од оваа катастрофална поплава, појасни градоначалникот на Битола. 

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега