Нова супер понуда за сите корисници на MaxTV на Македонски Телеком

Македонски Телеком креираше нова понуда со која корисниците добиваат врвно корисничко искуство со најдобрата дигитална телевизија. Во рамките на понудата, корисниците ќе можат да уживаат во MaxTV и да ги следат најатрактивните спортски и филмски тв канали 6 месеци бесплатно.

Понудата важи за сите корисници коишто ќе потпишат нов договор за 3 Max, 3 Max Optic и Family box. Корисниците освен дигиталната MaxTV, со најновата понуда на Македонски Телеком бесплатно ќе можат да ги гледаат најбараните тв канали од Max Sport +, HBO и Max XXX пакетите, зависно од 3 MAX пакетот што го избрале.

Со оваа единствена понуда, во рамките на HBO пакетот (HBO Home office, HBO Comedy и HBO on demand) корисниците ќе уживаат во најновите блокбастери, хит серии и оригинални хит продукции, како и во неограничен пристап до повеќе од 200 филмови и серии месечно. Љубителите на спортот пак, со Max Sport + пакетот ќе ги гледаат омилените првенства и натпревари на Arena и Sport klub каналите. Во рамките на Max XXX пакет за возрасни влегуваат Playboy Tv, Brazzers TV Europe и French Lover TV. 

По истекот на шест месеци, корисникот повторно може да ги активира дополнителните пакети со редовен месечен надомест. Понудата трае до 31 март. 

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега