Фондот за здравство се огласи по смртта на малата Тамара

На 8 февруари требало да се добие информацијата од болницата Аџибадем во Турција за тоа на кој датум ќе биде операна деветгодишната Тамара Димовска од Велес која имала искрувување на рбетот. Но за жал Тамара не успеала да го дочека денот кога ќе биде оперирана и почина предвреме, информираше денеска Бранко Аџигогов од ФЗОМ.

gogov-500

Од Фондот за здравствено осигурување изразија желење за немилиот настан и упатија сочувство до семејството на Тамара.

-Овој случај беше позитивно решен уште од декември месец 2014. Воедно во комуникација и консултација со родителите како и по извршените прегледи од професор Уфук кој што е носител на проектот за развивање на Спиналниот центар во државно здравство беше констатирано дека случајот е комлициран и дека е потробно дополнителен ангажман на уште двајца спинални хирурзи. Воедно беше одлучено да се изврши операцијата во Аџибадем во согласност и по консултации со родителите тоа беше одлучено да се изврши по 8 февруари да се добие датум и осигуреничката да отиде на лекување во странство, истакна Аџигогов.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега