Средба Груевски-Котромановиќ: Одлични односи меѓу двете земји

Македонскиот премиер Никола Груевски и хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ на денешната средба во Скопје ги поздравија одличните односи меѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството, соработката и меѓусебното почитување.

Како што информираат од владината прес-служба, соговорниците размениле мислења на повеќе теми од различни области кои се од интерес за понатамошно унапредување на односите, акцентирајќи ја соработката на проекти во полето на одбраната.

Премиерот Груевски ги посочил реформите и мерките кои се преземаат за унапредување на стандардите од полето на одбраната. Тој истакнал дека членството во НАТО алијансата претставува стратешка определба. Нагласил дека Република Македонија зема активно учество во мировните мисии на НАТО и претставува активен партнер во исполнување на функциите и целите на Алијансата.

Министерот Котромановиќ истакнал дека Република Хрватска активно го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека државата ги исполнува стандардите и високите критериуми за целосно членство. Тој посочил дека Република Хрватска дава целосна поддршка на активностите за реализација на проекти кои што ќе придонесат за јакнење на регионалната соработка и напредок на регионот.

На средбата било разговарано и за подготвеноста и можноста за интензивна соработка во однос на повеќе конкретни проекти како што е соработката во однос на Центарот за обука на пилоти, и за соработката во областа на образованието на кадри од областа на одбраната.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега