Сумирани првите пријави за штетите во Кавадаречко

Вкупно 49 кавадарчани пријавија штета од дождовите што ја зафатија Македонија во изминатите неколку дена. 

Како што информира денеска општината, комисиите за лозарство и земјоделство посетија 30 локации на кои се пријавени штети.

- Се работи за катастарските општини Дреново, Раец, Танко патче, Глишиќ, Кавадарци и Моклиште. Има оштетувања на лозја, ниви и едногодишни култури, информирад општината.

Во наредниот период ќе бидат посетени уште 19 локации на кои се пријавени штети од поплавите кои го зафатија Кавадаречко. 

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа