Хуманитарна акција во Австрија за настраданите од поплавите во Македонија

Во Австрија, во тек е акција за помош на настраданите од големите поплави што зафатија делови од Македонија.

 

На апелот за помош што го упати македонската Амбасада во Виена се одзваа повеќе македонски организации и поединци од Австрија.

 

Парични средства донираше и Управата на македонската црковна општина Свети Наум Охридски од Виена, како и задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Австрија.

Во просториите на црквата во Виена оваа сабота ќе се одржи и концерт, а сиот приход ќе биде наменет за настраданите од поплавите. 

 

Од македонската Амбасада информираат дека кон акцијата за прибирање помош се вклучи и Австриско-македонското друштво за пријателство.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега