Средношколките во Јапонија поминуваат седум часа дневно на мобилен

Средношколките во Јапонија минуваат по седум часа дневно на мобилните телефони, а најновото истражување покажа дека 10 отсто од нив целуларната направа ја користат и по 15 часа на ден.

Нивните другари на иста возраст мобилните телефони ги употребуваат по четири часа дневно, што е исто така многу, но далеку помалку од женската средношколска популација.

Компанијата „Дигитал Артс“, која го спроведе истражувањето соопшти дека тинејџерите најмногу ги користат мобилните за приклучување на социјалните мрежи, но и за правење сопствени видео пораки.

Компанијата потсети на неодамна објавеното укажување на кинеските научници, кои тврдат дека претераната употреба на преносните елктронски уреди предизвикува слични нервни симптоми како последиците од конзумирањето алкохол и наркотици.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега