Уште едно засилување во Металург

 

Хрватскиот ракометар  Марко Бувиниќ е најновото засилување на македонскиот шампион Металург. 22-годишниот Бувиниќ игра на позициите десен бек и десно крило, а доаѓа од екипата на Пореч.

Тој е поранешен младински и кадетски репрезентативец на Хрватска.

- Дојдов во голем клуб чии резултати ги пратам неколку години. Целта ми е да учам и да напредувам во својата кариера. Моменталните проблеми во клубот не ме загрижуваат, бидејќи повторувам, овде дојдов за да станам подобар ракометар. Се надевам дека ќе можам да помогнам во реализацијата на клупските планови и очекувам дека ќе избориме ново учество во Лигата на шампионите, следната сезона, изјави за клупската веб страна новиот член на Металург. 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега