Исполнето барањето на бизнис заедницата: На продажба 1.000 државни деловни простории

Илјада деловни простории кои се во сопственост на РМ во текот на следниот период ќе бидат ставени на продажба.

Првиот пакет, односно првите 100 деловни простории за продажба ќе бидат објавени утре во оглас во дневните весници како и на сајтот на Владата и на министерството за транспорт и врски.

Стоте простории се со вкупна површина од 7.253 метри квадратни. Најголемиот дел од нив односно 22 деловни простории се во Скопје, останатите се во Кичево, Охрид и во други градови.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека сите правни субјекти, но и физички лица ќе може да ги пријават своите апликации, а оној субјект што ќе понуди највисока цена на јавното наддавање ќе го купи објектот. Ѓорѓиев додаде дека ова е позитивен резултат од дијалогот кој Владата го има со бизнис заедницата.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега