Македонци на обука за сајбер форензика во Рим - компанијата ДФ Лабс ќе вработи уште 50 лица

Италијанската ДФ Лабс интернешнл, планира во претставништвото во Скопје до крајот на годината да вработи 25 лица, а до крајот на следната година 50, пренесува МИА

По стартот со работа во септември лани, компанијата неодамна го испрати својот македонски тим во Рим на двомесечна специјализирана обука од областа на сајбер форензиката и дигиталните крим техники.

- Ова е одличен пример за тоа како брзорастечки компании кои нудат високо квалитативни решенија едуцираат и обучуваат со најсовремени софтверски вештини македонски млади дипломирани студенти, смета министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

ДФ Лабс интернешнл е рангирана на 17 позиција од топ 500 најиновативни компании од областа на сајбер безбедноста за 2015 во првото издание на Cybersecurity. 

Според Наумоф, од големо значење за Македонија е да постојат и успешно работат вакви иновативни компании како ДФ Лабс.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа