ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСМ се занимава со искреирани сценарија, Владата носи конкретни мерки

- СДСМ е против трајното решавање на статусот на над 3.000 луѓе, против обезбедувањето сигурна егзистенција на над 3.000 семејства во оваа држава, против трајното решение на овој проблем не зашто е лош законот, туку само зашто се води од сопствените теснопартиски интереси, а не од интересот на граѓаните, реагира попладнево ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на опозициската партија.

- Нема никаква врска трајното решавање на статусот на над 3.000 лица со искреираните сценарија на СДСМ и Заев. Да се потсетиме колку луѓе вработија СДСМ? Одговорот е - ниту еден. СДСМ ќе се памети по создавањето на проблемот на невработеноста во Македонија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се додава, со законското решение сите што беа ангажирани со договори на дело, авторски или друг вид договори, ќе добијат адекватно пензиско и здравствено осигурување, како и остварување на сите права од редовен работен однос.

 - СДСМ наместо да придонесе за поквалитетно законско решение, реши да се противи на решавањето на вакво значајно прашање. Тоа само ја покажува нивната деструктивност. Додека се занимава со искреирани сценарија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи конкретни проекти и мерки и ќе продолжи да работи во интерес на реалните потреби на граѓаните, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега