СДСМ поднесе пријава според која Заев е единствениот прислушуван

Лидерот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш фатен во лага. Иако најави д ека ќе поднесе кривична пријава за прислушувањето на 26 илјади граѓани, СДСМ во негово име поднесе пријава за прислушувањето на само еден човек-партискиот лидер Заев.

Човекот кој пред два дена тврдеше дека има докази за прислушувањето на 26 илјади граѓани, се скрил зад својата партија која во негово име ја поднесува кривичната пријава против шефот на УБК и директорот на петта управа.

Пријавата според извори од партијата е буквално без ниту еден доказ во поткрепа на обвинувањата кои Заев ги соопшти на партиската прес конференција. СДСМ во негово име тврди дека прислушуваните раговори на нивниот лидер биле доставени од непознати лица кои тврделе дека прислушувањето е по наредба на одговорните лица во МВР. За ова , не се доставуваат ниту еден материјален доказ. За потсетување, лидерот на СДСМ во неколку наврати јавно призна дека извор на прислушуваните разговори се странските тајни служби. Тоа го кажува на средбата со премиерот груевски во владиниот кабинет, а го напиша и во писмото до Верушевски испратено по курир.

Партискиот портпарол Петре Шилегов во телефонски разговор вели дека во пријавата не се наведува ниту едно оштетено лице бидејќи видот на кривичното дело не го бара тоа. Сепак според извори на Пресс24, во пријавата експлицитно стои дека во периодот од 17.05.2011 до неопределен датум во 2014та, неовластено бил прислушуван и тонски бил сниман ОШТЕТЕНИОТ Зоран Заев со два телефонски броеви на 075 и 070.

Според Шилегов, во прилог на оваа пријава се доставени снимените телефонски разговори на Зоран Заев и 11те разговори презентирани на прес конференцијата на СДСМ. На прашањето зошто не се доставени и останатите над 25 илјади снимени разговори кои ги спомена лидерот на партијата Зоран Заев, Шилегов немаше прецизен одговор.

Иако од партијата ветија, до овој момент не овозможија увид во кривичната пријава доставена до јавното обвинителство.

Од јавното обвинителство потврдуваат дека примиле пријава од СДСМ против две познати и повеќе непознати лица  за Неовластено прислушување и тонско снимање. Велат дека пријавата е распределена на надлежен обвинител кој ќе постапува по неа.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега