ФОТО: Приквечерието на Охридско Езеро- еден од најубавите пејсажи во светот

Природните убавини на Охрид уште еднаш се потврдени во глобални рамки, овој пат благодарение на трудот и талентот на младиот охридски фотограф Пеце Настевски.

 

Неговата уметничка фотографија насловена „Камења на плажа“ снимена на Охридското Езеро во април минатата година е издвоена за најдобра меѓу најдобрите за 2014 година во категоријата „Пејсажи“ на специјализираната интернет страница www.pixoto.com/awards, што објавува висококвалитетни уметнички фотографии.

 

Дваесет и шестодишниот Настевски за односната фотографија појасни дека е дел од неговата колекција фотографии снимани во услови на слаба светлина, во каква што тој најмногу преферира да работи.

- Пријатно сум изненаден и мошне задоволен што токму мојата фотографија направена од мој уметнички израз, градот Охрид виден од мој агол, успеа да се издвои и наметне како најдобра меѓу огромниот број поставени пејзажни фотографии на таа интернет-страница, изјави за МИА младиот Настевски.

Настески за себе вели дека афинитети кон фотографијата како уметнички израз покажувал уште од најмлада возраст, но посериозно почнал да се занимава последните години откако успеал да набави поквалитетна опрема што му овозможила да го нагласи неговиот индивидуален печат во секоја негова креација и да оформи сопствен уметнички израз. Инспирацијата за уметничката фотографија ја црпи од рок-музиката, во која ги наоѓа мотивите за секое од неговите дела и креации.

 

Тој моментно покрај фотографирањето што е дел од неговото секојдневие, работи и на изработка на уметнички насловници за изданијата на охридските музички групи.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа