Општина Кисела Вода ќе додели еднократна парична помош за жителите од поплавените подрачја

Општина Кисела Вода ќе додели 500.000 денари помош за жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија, информираа денеска од општината.

- Координативното тело на Советот на општина Кисела Вода на последната седница едногласно ја поддржа иницијативата на градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ за доделување на еднократна парична помош. Иницијативата за донирање ја поддржаа сите советнички групи од Советот на општина Кисела Вода, се наведува во соопштението.

Одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Советот закажана за 18-ти овој месец, по која средствата ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст, специјално отворена за оваа намена.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега